
Хрватска ќе го реализира својот прв соларен автопат, како дел од стратегијата за намалување на енергетската зависност и преминување на чиста енергија.
Објавен е тендер за изработка на идејни решенија за соларни централи на четири локации покрај автопатот А3 од Загреб до жупанија Вуковар-Срем, што ќе се простира на вкупно 36 хектари.
Проектот е важен дел од Националната стратегија за развој на Хрватска до 2030 година, која вклучува и проширување на мрежата на станици за полнење електрични автомобили. Во текот на пет години, Хрватска планира да има 259 станици за полнење на 1.100 километри автопати.
Во рамките на тендерот, ќе се развијат соларни централи на локациите Плитвице, Растовица, Среданци и Ивања Река. Секој проект треба да вклучува решение за производство на електрична енергија за потребите на HAC, со можност за пренос на вишокот енергија во мрежата. Исто така, ќе се разгледува и опција за акумулација на вишокот енергија преку батериски системи.
Проектот е дел од пошироката иницијатива за зелена трансформација на хрватските автопатишта, која вклучува четири нови соларни централи, финансирани преку договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Извор: racin.mk