
Данската влада ќе воведе закон со кој сите основни и долносредношколски училишта ќе станат зони без мобилни телефони. Ова ќе важи за речиси сите деца на возраст од 7 до 16-17 години.
Одлуката следува по препорака на владината комисија за благосостојба, која предупреди дека дигитализацијата го нарушува детскиот развој. Според нивното истражување, 94% од младите имаат профил на социјалните мрежи пред да наполнат 13 години, а 9-14 годишните поминуваат во просек три часа дневно на TikTok и YouTube.
Министерот за образование Матијас Тесфаје изјави дека училиштата треба да останат „образовен простор, а не продолжение на тинејџерската соба“. Исклучоци ќе има само за деца со посебни образовни потреби.
Комисијата препорачува родителите да не им даваат паметни телефони на децата пред 13 години, а технолошките компании да бидат обврзани да ги заштитат младите од „зависнички“ дизајни и штетна содржина.
Франција и Норвешка веќе воведоа слични мерки за ограничување на користењето на мобилни телефони и социјалните мрежи кај децата.
Извор: The Guardian