
Реномирана компанија е во потрага по мотивиран и амбициозен Комерцијалист, кој ќе биде дел од нивниот тим и ќе придонесе за раст и развој на продажните активности. Доколку имате одлични комуникациски вештини и желба за работа во динамична средина, оваа можност е за вас.
Делта Електро ДООЕЛ е реномирана компанија во областа на големопродажба на кабли и електроматеријали. Застапник на голем број светски брендови, присутна на пазарот повеќе од 15 години и една од топ 3 трговски компании за кабли и електроматеријали во Македонија. Компанијата располага со канцелариски и магацински простор лоциран на ул. Борис Трајковски 113, Пинтија, Скопје.
Аплицирајте на отворената работна позиција:
Комерцијалисти (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома (предност електро факултет) со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола од Б категорија
- Мотивирана и комуникативна личност со желба за учење и напредување
- Способност за тимска работа и работа под притисок
Што нудиме:
- Можност за професионален развој, каде ќе бидете дел од тимот на професионалци со долгогодишно работно искуство кои ќе ви помогнат да се стекнете со знаење во делот на трговијата со кабли и електроматеријали.
- Работа во динамична средина.
- Ќе бидете дел од тим кој ја цени тимската работа, иновативноста и професионалниот развој. Организираме посета на предавања, саеми, настани поврзани со дејноста од каде што може да се стекнете со професионално надградување
- Нудиме конкурентна плата и пакет бенефиции во согласност со Вашите квалификации и искуство.