
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека утре (понеделник) поради изведувaње водоводен приклучок на водовдна мрежа со пречник од Ф-80мм на ул. Киро Крстевски Платник 6, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Киро Крстевски Платник (општина Центар)
Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф-80мм на ул. 36 бр. 12 во село Трубарево, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од село Трубарево (општина Гази Баба).
Извор: prv.mk