Дамките од мастило на вашата облека никогаш не се добредојдени. Нивното отстранување може да биде вистински предизвик, бидејќи многу зависи и од тоа за каков вид на мастило станува збор. Секој тип на мастило има различен метод на чистење. Затоа, првиот чекор е да се одреди типот на мастило за да знаете со кој метод да се послужите. Најважно е да не ја исперете облеката пред да пробате да ја остраните дамката. На овој начин таа само ќе стане потешка, а во одредени случаи и невозможна за отстранување.
Ова се некои од најефикасните методи за отстранување на мастило од вашата облека:
Вода и детергент за перење
Нанесете вода на дамката и почнете да ја триете со помош на чиста крпа. Додека триете дамката ќе почне да се пренесува на другата крпа. Нанесете мала количина на течен детергент за перење и оставете ја ткаенината така да седи 3 до 5 минути.
Лак за коса
Повеќето лакови за коси содржат алкохол кој помага да се раствори мастилото и да се отстрани дамката. Обидете се да најдете лак за коса кој содржи голема количина на алкохол – најчесто најфетините брендови се најдобри. Поставете чиста крпа под ткаенината каде се наоѓа дамката, темелно испрскајте со лакот за коса и потоа почнете да ја триете со чист пешкир додека истата не исчезне.
Млеко
Ова можеби ќе изгледа како најнеочекуван метод, но потопувањето на облеката во млеко може да биде доста успешно. Во плиток сад ставете млеко, потпете ја ткаенината и оставете ја така цела ноќ. Наредниот ден најнормално исперете ја облеката.
Сол
Доколку сте доволно среќни и ја забележите дамката пред да се исуши, веднаш земете сол и ставете врз дамката. Внимателно поминете со влажна хартиена крпа и измијте ја солта. Повторете додека дамката не исчезне.
Оцет и пченкарно брашно
Најпрво, навлажнете ја дамката со помош на оцетот. Потоа, направете смеса од оцетот и пченкарното брашно и ставете ја смесата на такенината. Почекајте смесата целосно да се исуши и исперете ја облеката.