Запознајте ја чудесната колекција на автомобили на која и се восхитуваат дури и најмалите љубители на автомобилизмот
Кој не би сакал да зачекори во гаража полна со најсовремените класици кои ги одбележаа изминатите неколку децении.
Сите се тука, од Aston Martin и Porsche до Alpine, BMW M, Renault 5 Turbo и Mercedes C126 во AMG изведба.
Во тоа време, споредните детали како големината на тркалата не биле воопшто важни па затоа не треба да бидете изненадени кога ќе видите Lagonda како стои на 15-инчни тркала со величина на гуми 255/65.
Сопственикот на колекцијата е анонимен автомобилски ентузијаст кој очигледно се презаситил од овие класици кои уште се нарекуваат и youngtimer-и.
Токму затоа, првите дваесет модели ќе бидат понудени на аукцијата на RM Sotheby, а остатокот од нив ќе се распродаваат во текот на целата година.
Во продолжение погледнете како изгледа целата колекција и изберете го вашиот фаворит.