Најлошиот дел од готвењето е чистењето отпосле. Поголем проблем се создава доколку храната ви загорела, па миењето на тавчињата претставува уште поголем кошмар. Но, благодарение на оваа состојка овој проблем е минато.
Се што ви треба е: вода, сол и сунѓер.
Во тавчето ставете топла вода и додадете 2-3 лажици сол. Промешајте ја солта и оставете го така тавчето 2 минути. Потоа, префрлете го тавчето на шпоретот и зовријте ја водата. Откако водата ќе почне да зоврива, оставете ја да врие 15-тина минути.
Вриењето треба да го исчисти загорениот дел, но доколку тоа не се случи нареден чекор е т.е "солен пилинг". Истурете го поголемиот дел од топлата вода, а во остатокот од водата додадете уште неколку лажици сол. Сунѓерот искористете го за да го исчистите тавчето целосно.
Со помош на овој трик миењто садови веќе нема да биде најмалку посакуваната активност.