WhatsApp веќе го прегази Вибер по популарноста, така што авторите на Вибер најавија дека во 2019 ќе привлечат нови корисници.
Од компанијата го најавија редизајнираниот Вибер 10 на оваа популарна апликација, која би требало да го забрза и подобри визуелно комуницирањето.
Од компанијата најавуваат едноставен изглед на насловната страница и ќе биде сличен на WhatsApp. Фокусот е ставен на едноставната навигација и подобрување на пристапот на приватните групи и ,,чет” заедниците.
Додадена е и опцијата ,,повикај”, каде корисниците ќе може да ги најдат последните водени разговори, пристап до сите контакти и други новини.
Корисниците на Вибер ќе може да комуницираат со другите корисници, без потреба да ги знаат нивните телефонски броеви, како што е сега.
Освен тоа, ќе ја има опцијата на групни повици. Измените ќе може да ги видат корисниците во наредните неколку дена.