На италијансткиот остров Сицилија можете да купите куќа за само едно евро. Ова е обид на градот Самбуко да ја оживее заедницата. Ова не е единствен случај во Европа, а локалните власти сакаат да се осигураат дека секој може да стане жител на овој град.
Ако сакате куќа, можете да ја добиете многу брзо, вели Џузепе Касиопо, заменик-градоначалникот на Самбуко.
Се разбира, цената не доаѓа без обврски. Новите сопственици ќе мора да се посветат на обновување на куќата помеѓу 40 и 150 квадратни метри во текот на три години, по цена од 15 000 евра. Исто така, тие ќе мора да платат депозит од 5 000 евра евра откако ќе ја купат куќата.
Самбука е рај на земјата. Се наоѓаме во природни резервати, имаме прекрасни плажи, планини, шуми. Местото е мирно и тивко, совршен простор за детоксикација, изјавил Касиопо.
Овој град се смета за "отворен музеј" кој има уникатна архитектонска структура. Тука се наоѓаат цркви со кружни арапски куполи кои се преполни со живописни орнаменти. Кога се опишува местото се вели дека тука се наоѓа арапската душа на Сицилија.
Касиопо вели дека луѓето веќе покажуваат интерес. До сега се продадени 10 куќи, а најмногу заинтересирани се луѓе од Швајцарија, Франција и Шпанија.
Властите се надеваат дека градот ќе добие нова душа, а ефтините недвижности се најдобриот и најбрз начин да се оствари тоа.
Самбука во 2016 година беше номиниран за еден од најубавите градови во Италија, а најдобрата реклама е всушност неговата локација.