Апартманите “Check Out Suite” во хотелот Белор во Гетеборг, Шведска имаат еден поинаков систем на плаќање.
Доколку престојувате во овој хотел, износот на сметката што ќе треба да ја платите зависи од тоа колку време поминувате на социјалните мрежи.
Така на пример, колку повеќе време гостите поминуваат на “Фејсбук“, “Твитер“ или Инстаграм“, до толку поголема ќе биде цената за едно ноќевање.
Значи, ако се воздржите од користење на социјалните мрежи, ќе добиете бесплатна соба.
Во секој од апартманите има поставено ламба, која има светилка што е подесена автоматски да се вклучува секој пат кога гостите ќе се поврзат на wi-fi мрежата на хотелот.
Таа направа може да евидентира колку време секој гостин поминува на интернет, но и која страна ја посетува.
Тарифата е однапред утврдена. Штом гостинот влегува во собата, цената на собата е 0 долари, а кога светилката на ламбата ќе засвети црвено, цената постепено расте.
Дали би издржале еден ден без интернет?