Пиварница во Единбург го нуди она што за многумина љубители на пиво може да биде работа од соништата откако објави оглас за вработување на асистент за подготовка на пиво
Станува збор Top Out – мала пиварница лоцирана во Лонхед која вработува асистент за подготовка на пиво со полно работно време.
Тој што ќе ја добие работата ќе биде инволвиран во процесот на подготовка, точење и етикетирање на пивото. Дополнително, привремено ќе помага и во организирање на бар-настани.
“Ние сме мала микро-пиварница која од 2013 година произведува низа наградувани и неконвенционални домашни пива. Во изминатите неколку години бележиме постојан раст и сега ни е потребен дополнителен пар раце за да ги задоволиме побарувањата од зголемената продажба“, стои во огласот.
Позицијата подразбира работно време од 40 часа неделно, а се работи од 9 до 17 часот, меѓутоа, според Top Out, работните шеми се флексибилни.
На кандидатот ќе му биде обезбедена целосна обука за сите активности во процесот на производство.
Според Top Out, идеалниот кандидат треба да биде физички подготвен, вреден и мотивиран да работи во пивската индустрија, а се смета за предност ако има претходно работено во производство на храна или пијалоци.
Ако сметате дека се вклопувате во сето ова и сакате да аплицирате, пиварницата ги повикува сите заинтересирани кандидати да испратат своја кратка биографија на info@topoutbrewery.com.
Рокот за пријавување е до крајот на февруари.