Многубројните истражувања покажаа дека соодветното време за нови објави зависи од една до друга социјална мрежа. Па така, најдоброто време за промена на профилната слика на Фејсбук не се совпаѓа со најдобро време за нова фотографија на Инстаграм.
Овие две платформи се многу различни и треба да им се пристапува различно. Па, кое е најдоброто време за да се постира на Инстаграм?
Резултатите од истражуавањата покажаа неколку временски рамки како најдобри за "освежување" на вашиот Инстаграм профил кои можат да ви служат како водич за во иднина.
- времето пред работа и после работа се смета за најдобро време за објавување. Станува збор за период кога корисниците се уште не се започнати со своите работни обврски, односно веќе завршиле и имаат повеќе слободно време
- друга студија има покажано дека најдоброто време за објавување е вторник во 14:00 часот
- резултатите од повеќе студии беа согласни дека работните денови се најдобриот период доколку сакате објавата да ви биде видена од поголем број луѓе
- во топ трите најдобри денови за објава се: понеделник и четврток, а после нив е среда
- недела е убедливо најлошиот ден за објавување на било која социјална мрежа, вклучувајќи го и Инстраграм
- најлошото време за објава по повод свршувачка е 9 часот наутро и 6 часот попладне