Во продолжение, имате можност да прочитате кои се најчестите грешки кои свесно или несвесно, ги правиме во текот на возењето.
Држење на воланот
Едно од првите правила кои ги кажуваат во авто школа е дека доколку го замислите воланот како часовник, рацете треба да ги поставите на 9 и на 3 часот, но ако се заинтересирате колкумина во практика го применуваат ваквото правило, веднаш ќе сфатите дека истото го почитуваат само ретки исклучоци. Мнозинството од возачите користат или само една рака за управување и го држат воланот превисоко или прениско, а има и многу такви кои честопати воопшто не го ни држат воланот. Сепак, колку и да е често управувањето на гореспоменатите начини мора да знаете дека тоа значително го зголемува времето за реакција во опасни ситуации.
Возење во слепа точка
Иако правилото е дека пред секое вртење или промена на лента, со поглед преку рамо треба да провериме дали има возило во нашата слепа точка, во секојдневието тоа не функционира баш така. Отсега натаму запомнете дека доколку вашето возило е во линија со задните тркала на автомобилот пред вас, вие се наоѓате во слепата точка на тој возач и истиот нема да ве забележи ако одлучи да ја промени лентата.
Употреба на долги светла во услови на магла
Не е тешко да се заклучи дека со употреба на долги светла при густа магла само дополнително се влошува ситуацијата. Во ваква ситуација светлината се рефлектира од молекулите на водата во воздухот, а тоа дополнително ја намалува видливоста. Затоа во вакви услови се користат кратки светла или светла за магла и се прилагодува брзината кон условите на патот.
Нерамномерно кочење
Секогаш паметно користете ги сопирачките, за возењето да биде пријатно и безбедно за вас и за другите учесници во сообраќајот. Многумина од нас кочат премногу меко и откако ќе сфатат дека тоа и не е баш доволно, нагазуваат прилично жестоко. Предвидете ја ситуацијата однапред и кочете рамномерно зошто многу лесно може да се случи некој да ве удри одзади.
Гласна музика
Знаеме дека е тешко да не се зголеми звукот кога на радио ќе ви ја погодат омилената песна, но научно е докажано дека гласната музика пречи при возење и ја намалува концентрацијата на возачот.
Во продолжение, имате можност да го прочитате вториот дел од статијата што се однесува на најчестите грешки кои свесно или несвесно, ги правиме во текот на возењето.
Лошо наместени ретровизори
Ретровизорите се една од работите кои мора да се проверат при вашето влегување во автомобилот, особено ако не сте единствените кои го користат тоа возило. Ретровизорите треба се наместат со цел да се минимизира можноста дека возила кои надоаѓаат одзади ќе се најдат во вашиот мртов агол и дека нема да ги видите при минување во друга сообраќајна лента. Правилно нагодување на ретровизорот е кога истиот ќе покрива околу 1/4 од вашиот автомобил.
Кочење во свиоци
Меѓу најчестите грешки кои ги прават неискусните возачи е и кочењето во кривина, бидејќи во такви ситуации тежината се пренесува на предниот дел од возилото, што може да предизвика занесување. Доколку треба да закочите поради свиокот кој следи, тоа направете го пред да влезете во истиот.
Приближување до возилото пред вас
Овој тип на возачи најчесто на потешкиот начин дознаваат дека ваквиот стил на возење е доста опасен и на крајот може скапо да чини, бидејќи во случај на судар речиси во сите ситуации вината ја сносува само возачот кој ќе удри одзади. Затоа бидете внимателни и одржувајте разумно растојание од возилото пред вас, така што секогаш ќе имате време за реакција во непредвидени ситуации.
Турирање со ладен мотор
Ако сакате автомобилот долго време да ви користи, тогаш мора посебно да внимавате на некои работи, а една од најважните е да не го оптеретувате моторот со високи вртежи, додека истиот не постигне работна температура.
Возење по надолнина со притиснато квачило
Во таква ситуација ќе треба интензивно да ги користите сопирачките, што може да доведе до нивно прегревање. Наместо да притискате куплунг, оставете го автомобилот во брзина и обидете се со сопирање.