Вибер важи за една од најкористените апликации за комуникација. Бројот на корисници се зголемува од ден на ден, а со тоа и новите функции наменети за корисниците.
Во продолжение ќе дознаете за неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја зачувате вашата приватност и некои други опции кои ќе ви бидат од помош:
1.Како да сокриете дека сте биле он лајн
Влезете во подесувања, па во приватност, и исклучете го статусот кој вели да покажува дека сте он-лајн. На тој начин никој нема да знае кога сте он-лајн а кога не сте.
2.Сокријте го статусот за преглед на пораки
Ако не сакате некоја личност да види дека сте ја прочитале нивната порака, влезете во подесувања, изберете ја опцијата подесувања, и исклучете ја опцијата приказ на прегледани пораки.
3.Не оптеретувајте ја меморијата на телефонот
Гласовните пораки од четовите на Вибер автоматски се зачувуваат во телефонот. За да не ја оптеретувате меморијата, најдобро е да ги избришете. Влезете во подесувања, медиуми и кликнете на избришете гласовни пораки.
4.Заштите си ја профилната слика од непознати корисници
Ако не сакате вашата слика да ја видат сите корисници на Вибер, влезете во подесувања, приватност, и исклучете ја опцијата прикажување на вашата слика.
5.Тргнете го статусот “ја користи апликацијата“
Практично сите апликации и игри кои ги инсталирате на вашиот телефон, синхронизирани се со Вибер. На тој начин стануваат видливи и за другите корисници од вашата листа на контакти. За да ја исклучите оваа опција влезето во, подесувања, приватност, и исклучете ја опцијата “ја користи апликацијата“.
6.Поставете лозинка
Ако не сакате некој да ги чита вашите пораки, можете да ставите Вибер лозинка. Самиот Вибер ја нема оваа опција, но лесно можете да ја превземете и да ја инсталирате за неколку минути.
7.Инсталирајте Вибер на вашиот компјутер
Уште еден корисен совет во врска со користењето на овие апликации-допишувајте се со другите корисници на Вибер преку вашиот компјутер. Едноставно инсталирајте го на вашиот компјутер и готово.