Сите негови колеги биле воодушевени кога пристигнал – освен директорот
Откако Основниот суд во Ниш пресудил дека Миодраг Станковиќ може да се врати на работа од каде што пред три години бил прогласен за технолошки вишок, овој работник и граѓанин на Ниш, инаку татко на пет деца, влегол во компанијата на бел коњ.
Тој вели дека неговата намера не е да направи некаков вид на претстава, туку само си го исполнил своето ветување кое им го дал на колегите дека на своето работно место ќе се врати на бел коњ, откако раководството на спортскиот центар го прогласи за технолошки вишок.
Се вратил со коњ, бидејќи, како што вели тој, беспарицата во изминатите три години кога бил невработен не му дозволувала да дојде поинаку.
По три години страдање, раководството на компанијата ме врати на работа. Јас своите ветувања не ги заборавам, дури и ако сум ги дал пред три години, вели Миодраг за српски Телеграф.
Станковиќ вели дека сите негови колеги биле воодушевени кога го виделе како се враќа на работа, но не и неговиот директор.
Јас сум човек од збор. Реков дека ќе се вратам на бел коњ доколку докажам дека сум во право и го сторив тоа, вели тој.
Инаку, на Миодраг од својот работодавач пред три години му било побарано да поптише анекс на договор за работно место кое требало да се укине. Тој го потпишал анексот и неговото работно место згаснало и него го прогласиле за технолошки вишок.