Родителите се надеваат дека новата дадилка ќе биде добар пример за нивните деца.
Еден пар од Велика Британија бара дадилка која ќе биде вработена на пола работно време да води грижа за нивните петгодишни близнаци. Меѓутоа, постои еден специфичен услов.
Дадилката цело време треба да биде облечена во некоја принцеза на Дизни, како што се Пепелашка, Мерида и итн.
А за сето тоа, ќе добие голема сума на пари од 53.000 долари (46.588 евра) годишно или 4.400 долари (3.875 евра) месечно.
Родителите се надеваат дека новата дадилка ќе биде добар пример за нивните деца и ќе ги научи на вистинските вредности, како што се одлучноста, храброста и емпатијата, пренесува Бизнис Инсајдер.