Многу луѓе одредуваат дестинации на кои ќе патуваат според фотографиите што ги виделе на интернет, а со својата архитектура или природна убавина, едноставно привлекуваат за да направите некоја фотографија.
Сепак, на некои од најпопуларните дестинации во светот, правењето фотографии не е дозволено. Со цел да избегнете можни непријатности за време на посетата, во галеријата која е пред вас, ви презентираме десет места каде е забрането фотографирање.
Мека
Градот во кој многу верници одат на аџилак го забрани правењето на селфи за да се зачува мирна атмосфера за оние кои дошле тука за да се молат.
Вестминстерска опатија
Во соборната црква Свети Петар во Вестминстер, исто така, забраниле фотографии, со цел да ја задржат интимната атмосфера која преовладува.
Аламо
Пред историското место Сан Антонио во Тексас, дозволено е да се прават фотографии, но не и внатре во зградата.
Плажите во Мумбаи
На плажите во Мумбаи незаконски е да се направи фотографија, бидејќи голем број луѓе го изгубија својот живот поради фотографирање.
Сикстинска капела
Според наводите на Conde Nast Traveler во Сикстинската капела фотографирањето е незаконски од 1980 година.
Пентагон
Во зградата на Министерството за одбрана на САД е забрането фотографирање поради прекумерниот ризик од кршење на националната безбедност.
Таџ Махал
Сликањето пред индискиот архитектонски споменик се смета за смртен грев.
Микеланџеловата статуа на Давид
Академијата за италијанска галерија строго го забрани фотографирањето на ова дело.
Музејот на Винсент Ван Гог
Музејот на сликарот Винсент ван Гог го усвои правилото за забрана на селфи за да ги спречи напорните посетители да си сметаат меѓусебно со нивното долготрајно фотографирање.
Бакингемска палата
Иако внатре и надвор од палатата правењето фотографии е илегално, и понатаму е дозволено фотографирање во градината, што е забавно за туристите што дошле да го видат домот на Британската Кралица.