Дормео го објави најневообичаениот оглас за вработување оваа година! 10.000 денари за само 8 часа спиење. Звучи како работа од соништата, зарем не?
Дормео бара 3 талентирани спијачи, кои ќе сакаат да спијат еден цел работен ден и кои ќе уживаат во паузата за појадок во кревет.
Во огласот стои дека може да се пријави секој кандидат со наполнети 18 години.
Изборот за Дормео Спијач ќе трае од 14 март до 1 април, а ќе бидат избрани 3 спијачи (+1 резервен) коишто ќе треба да бидат слободни во периодот од 18 до 23 април (еден од тие денови) за да спијат на некое од продажните места на Студио Модерна.
Целокупниот ангажман би треал 8 часа (распоредени во 1 или повеќе денови) и ќе биде платен вкупно 10.000 денари.
Пријавувањето трае до 1 април, а доколку сте заинтересирани, може да аплицирате со пополнување на формуларот.