Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија Air Asiа важи за еден од претприемачите кои успеаја потполно пропаднат бизнис да кренат на здрави нозе. Тајната за успехот, вели тој, е во одбирањето на вистинските луѓе.
Токму тоа и е причината за прекарот на Тони Фернандез да биде “Крал на трансформациите“.
Откако изградил успешна кариера во Warner Music, овој успешен претприемач одлучил својата кариера да ја продолжи во сосема друга индустрија.
Така, во 2001 година заедно со својот нов деловен партнер Камарудин Меранун за само 1 малезиски рингит (околу 26 центи) ја купил пропаднатата авиокомпанија.
На тој начин, под негово водство, само изминатата година, Air Asia оствари добивка од 10.6 милијарди малезиски рингити, односно околу 2.58 милијарди американски долари.
Исто така, тој успеа да ја зголеми целокупната флота на компанијата. Пред неговото доаѓање, компанијата располагаше со само два авиони и имаше околу 100 вработени, а денес таа има интернационална мрежа од 20.000 вработени и 250 авиони во својата флота.
Како тајна за својот деловен успех го истакнува својот скриен талент за пронаоѓање на вистинските луѓе.
Барам луѓе коишто “гризат“, кои се желни за успех, вели тој.