„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
Нема втора шанса за прв впечаток! – ма знам дека ја знаете оваа поговорка и сите ни ја кажуваат милион пати, но нема можност за втор впечаток само во одредени ситуации... Имам чувство дека токму поради погоренаведената поговорка не се трудиме да оставиме впечаток таму каде што сме или, пак, да дадеме максимум. Можеби и не е до поговорката, туку сме станале и мрзеливи, како да не голта апатијава околу нас.
Не е важно која е причината, но дека треба да оставите впечаток, треба! Дека треба да ги подобрите вашите перформанси, треба! Дека треба да импресионирате таму каде што сте, треба! И тоа не треба заради некој друг, туку поради вас самите!
Можам да ви дадам неколку совети како да го направите тоа на работа, а вие, сигурен сум дека ќе извлечете некои идеи и за секојдневниот живот:
- Тоа што е договорено, направете го! – ако веќе сте потврдиле дека ќе го направите тоа, немојте после тоа да го опструирате. Се опструирате самите себе си!
- Лажење – секогаш зборувајте ја вистината, колку и да ве боли тоа. На лагата ѝ се кратки нозете!
- Бидете подобри секој ден – а не обратно! Вашето подобрување, ќе го забележат тие што треба, а вашето уназадување сите ќе го видат!
- Доаѓајте порано на работа или на договореното место – верувајте, тоа е многу важно за тој/таа/тие, од другата страна! Секој го цени тоа!
- Облека – можеби е потсвесно, но луѓето кои се убаво облечени оддават поубав впечаток од другите. Секако, некаде има и кодекси на кои треба да се придржувате, но и тука може да бидете уредни и чисти
- Компјутер – во денешна ера, вашата достапност треба да биде 24/7. Само така оддавате впечаток на личност со која може да биде во контакт кое било време, а знаејќи го тоа, луѓето ќе го ценат и нема да ве малтретираат кога не е ОК.
- Дома и работата - проблемите што ги имате дома, остануваат дома и обратно! Немојте времето на работа да го користите за решавање на домашните проблеми!
- Позитивни – секој од нас има проблеми, но пробајте да бидете позитивни!
- Останување прекувремено – доколку има потреба, останете повеќе на работа. Не останувате за фирмата, останувате за вас!
- Бидете во тек со работите – некои луѓе се толку ограничени што сакаат да го работат само она што го знаат, но знајте дека мора да имате познавање и интерес за целата индустрија во која работите, па и повеќе од тоа.
- Проактивни – да, знам дека сме споменале милион пати, но така е!
- Критики – научете да ги слушате критиките и да ги гледате како нешто позитивно! Има некои луѓе околу вас што ви мислат добро и нивните „критики” се добронамерни!
- Претпоставки – не носите претпоставки, тие само ве носат (најчесто) во погрешна насока! Прашувајте!
Пак ќе кажам, имате повеќе од втора шанса да оставите впечаток, само од вас и од никој друг зависи дали ќе ја искористите! Но немојте после тоа друг да ви е крив.
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com