Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од четири до 10 степени, а максималната од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи.Температурата ќе се движи од осум до 20 степени.
Од УХМР информираат дека времето на 1 мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.