Над 12 и пол илјади натпреварувачи од вкупно 58 земји учествуваа на јубилејното 15-то издание на Виз Ер Скопски Маратон, а помеѓу нив, во препознатливи портокалови маички, беа и вработените на ДС Смит кои се натпреваруваа за подобар резултат во повеќе категории.
ДС Смит е компанија која силно верува и ја живее најпознатата латинска изрека “Во здраво тело здрав дух“. Токму затоа, компанијата зема активно учество во настани кои поттикнуваат здрав живот и спорт како што е всушност и скопскиот маратон.
На маратонот учество зедоа нешто повеќе од 10 вработени на компанијата кои покажаа дека основните вредности на ДС Смит како што се тимската игра и постојаниот натпревар да се биде подобар не важат само на работа, туку општо во животот.
Инаку, оваа година на тимот на ДС Смит во Македонија му се придружија и членови од ДС Смит – Србија и заеднички уживаа во одличната атмосфера која преовладуваше на денот на одржување на маратонот.
Менаџментот на компанијата одлучи четирите кандидати со најдобро време да ги награди со учество на Graz Marathon кој во октомври годинава ќе биде организиран на ниво на ДС Смит.