Уште откако Едмунд Хилари се искачи на врвот во 1953 година, илјадници авантуристи се обиделе да го освојат смртоносниот врв Монт Еверест. Всушност, толку многу луѓе се обидуваат да го направат тоа секоја година, што хималајската убавина полека се загадува.
Еверест е популарен поради импресивното именување како највисоката планина во светот, но, според науката, таа не е највисока планина во светот.
Да. Највисоката планина во светот всушност е Чимборазо - неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор - бидејќи е најдалечната точка од центарот на Земјата, а со тоа е и највисок кога станува збор за далечина.
Според Ели Розенберг од „Њујорк тајмс“, врвот на Чимборазо се издигнува на 6.248 метри над морското ниво, што е помалку од оние 8.529 метри на Еверест, но сето тоа се менува кога се мери од центарот на Земјата.
Всушност, затоа што Земјата не е рамна, таа набабрува кон екваторот и се израмнува кон половите. Тоа значи дека планините во близина на екваторот технички се повисоки од оние во другите области и така Чимборазо е речиси точно на екваторот, додека Еверест е 28 степени на север.
Па колку е повисока оваа планина? Според еден извештај, Еверест се протега на 6.382 километри од центарот на Земјата, додека Чимборазо на 6.384 километри. Иако разликата е само 2 километра, тоа значи сѐ кога станува збор за доделување на круната на највисоката.
Всушност, тие два километра се доволни за да ја стават Чимборазо на првото место и да го истуркаат Еверест од првите 20.
Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк
Монт Еверест не е највисоката планина во светот!
Актуелно
-
Еве кои се најбогатите 100 бизнисмени од поранешна Југославија, има осуммина од Македонија
На листата на стоте најбогати бизнисмени од земјите на поранешна Југославија, 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора.
-
Во 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од годинава
Претстојната 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од 2024.
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен е и превоз од Кавадарци, од страна на јавното претпријатие „Градски превоз", по официјален возен ред што ќе биде објавен деновиве.
-
Сончев или снежен јануари: Какво време ќе донесе новата година?
Ниските утрински температури и високи дневни температури, како и сончево време без услови за снег, ќе го одбележат почетокот на 2025 година. Јануари ќе помине во знакот на стабилно и сончево време.
-
Прага – Најдобриот европски град за дочек на Новата година
Дочекот на Новата година е еден од најисчекуваните моменти во годината, но честопати не ги исполнува очекувањата. Минатите искуства со преполни пабови, скапи билети за настани и долги редици за пијалаци можеби ве натерале да се запрашате дали би било подобро да отпатувате некаде за да ја дочекате Новата година на поинаков начин.
-
Од денес сите електронски уреди во ЕУ ќе можат да се полнат со единствен полнач за да се намали отпадот
Од денес, 28 декември 2024 година сите мали и средни преносни електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порти за да се намали отпадот, пренесува Еуроњуз.