
Недела ќе биде неработен ден за голем број работници!
Црногорските пратеници ги усвоија измените и дополненијата на Законот за внатрешна трговија со кој е предвидено продавниците и супермаркетите да бидат затворени во недела.
Со новите измени, се забранува трговија на големо и мало за време на неделите и празниците, со исклучок на продажните објекти или места во кои тоа е неопходно за обезбедување на животните потреби на граѓаните. Такви се аптеките, специјализираните продавници, киосците за леб, пекарски производи и колачи, цвеќиња, сувенири, новини, средства за заштита на растенија и погребна опрема.
Во недела ќе може да работат и бензиските станици, како и продавниците во нив, пазарите, тезгите, подвижните продавници, како и продавниците во затворените подрачја на автобуските и железнички станици, аеродромите и пристаништата.
Новиот закон ќе почне да се применува наесен.