Во 23-от избор за престижното признание во конкуренција на десет финалисти: BMW X3, Citroen C3 Aircross, Ford Fiesta, Dacia Duster, Kia Stinger, Kia Stonic, Nissan Micra, Opel Insignia, Seat Ibiza и Suzuki Swift, кои рамноправно конкурираа во трката за титулата .Националното жири одлучи признанието во вид на маска на ладилник да ја додели на претставникот на Renault Grupe.
Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел.
Dacia Duster со својот уникатен дизајн, квалитет и перформанс надминувајќи ги границите на очекуваното оправдано ги освои гласовите а Добиената титула вечерва беше обележана со забава и дружење во винаријата Камник .
Досегашни победници:
1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra 1998
1999 Škoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Škoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster