Во октомври 2018 година Vrabotuvanje.com како централно место за барање работа и лидер во обезбедување на HR решенија наменети за потребите на клиентите го лансираше првото онлајн истражување за плати во Македонија. 11 месеци подоцна, над 13.000 работобаратели во Македонија ја дознаа својата вистинска вредност на пазарот на трудот благодарение на бесплатната споредба на MojaPlata.mk.
MojaPlata.mk е веб страница која овозможува споредба на платите за преку 530 работни позиции во нашата земја, а листата на професии е целосно прилагодена на пазарот на труд во Република Македонија и истата постојано се ажурира. Целна група на порталот се луѓето на пазарот на трудот кои сакаат да ги споредат своите плати и компаниите кои се грижат за фер плати на своите вработени.
Како да ја користите MojaPlata.mk како работобарател?
Преку пополнување на кратка и анонимна онлајн анкета учесниците на пазарот на труд имаат можност да добијат споредба на својата плата со другите вработени на истата позиција и во истиот регион во Македонија притоа добивајќи информации и за тоа колку е просечната плата за нивната позиција во земјите од регионот.
На кандидатите кои сè уште немаат работно искуство, MojaPlata.mk им овозможува да ги споредат своите очекувања за плата со моменталната плата за избраната позиција.
Александар Кочовски (Vrabotuvanje.com) - Проект Менаџер на MojaPlata.mk
Во овој момент, MojaPlata.mk располага со репрезентативен примерок за околу 300 работни позиции, а за позициите за кои сè уште нема доволен број на податоци, системот нуди можност за внесување на e-mail адреса на која автоматски ќе бидат испратени податоци за споредбата во моментот кога тие ќе бидат прибрани во доволен број. Дополнително, како компензација на потрошеното време за учество во истражувањето за плати, учесниците добиваат бесплатен прирачник со совети за поефикасни преговори за плата.
Како да ја користите MojaPlata.mk како компанија?
Податоците на секој корисник кој ќе ја пополни анкетата поминуваат низ процес на прочистување (отстранување на дупликати и екстремни вредности) по што само валидните податоци влегуваат во репрезентативниот примерок за избраната позиција и регион, а собирањето и обработката на податоци целосно ја почитува GDPR регулативата за обработка на лични податоци.
Истражувањето за плати MojaPlata.mk собира податоци за месечната нето плата, месечните бонуси, годишните бонуси и премии и износот на регресот за годишен одмор на испитаниците. Врз основа на тие податоци, алгоритмот со помош на регресивен модел пресметува основна и вкупна плата за секоја позиција земајќи ги предвид односите помеѓу позициите, регионите, големината на компаниите, образованието, работното искуство и возраста на испитаниците, а предноста на овој докажан метод е тоа што овозможува со голема точност да се процени износот на платата дури и за примерок со помал број на испитаници.
Компаниите имаат можност да купат Професионален извештај за плата за една позиција или годишен пристап до Алатката за плати преку која можат да генерираат неограничен број на извештаи и директно да ги споредат платите на своите вработени со тие на пазарот.
Мирослав Дравецки (Profesia) ја презентира Алатката за плати на MojaPlata.mk пред повеќе од 250 HR професионалци на Меѓународната конференција за човечки ресурси 2019
Освен податоци за просечната плата во регионот, извештаите содржат информации за опсегот на платата, распределба на платата во платни рангови, податоци за плати според работно искуство, образование, големина на компанија, регион и старосна група, податоци за компензацискиот пакет (варијабилен дел, годишни бонуси и регрес за годишен одмор) и преглед на нафинансиски бенефиции.
ПРОБАЈTE ЈА АЛАТКАТА 7 ДЕНА БЕСПЛАТНО
Кои се другите функционалности на MojaPlata.mk?
Веб страната www.mojaplata.mk содржи и низа функционалности кои се достапни за сите посетители без разлика на тоа дали ќе ја споредат својата плата. Некои од нив се:
Добијте информации за просечната нето плата во Македонија за одреден сектор или позиција, откријте како е рангирана вашата позиција според нивото на платата, дознајте колку изнесува застапеноста на жени на вашата позиција и проверете ја просечната возраст на испитаниците на вашето работно место.
Дознајте како се движи просечната плата во вашиот регион, погледнете ја распределбата на плати во платни рангови, откријте кои се 10-те највисоко / најниско платени позиции во вашиот регион, како и 5-те најчести нефинансиски бенефиции во регионот.
Калкулатор за пресметка на плата
Пресметајте ја вашата бруто плата со помош на ажурираниот калкулатор за 2019 година.
Забавната страна на MojaPlata.mk. Внесете ги вашите податоци, а калкулаторот ќе пресмета за колку години ќе станете милионер.
MojaPlata.mk како прво и најголемо онлајн истражување за плати во Македонија е дел од меѓународниот проект на словачката компанија Profesia кој се спроведува на ниво на финската групација Alma Career во која членуваат водечките портали за вработување од скандинавските, балтичките, вишеградските и балканските земји, меѓу кои и www.vrabotuvanje.com.mk од Македонија.