Доколку ви се појавиле седи влакна а не сакате да ви се гледаат, нема потреба од хемиски препарати и фарби. Постојат природни состојки кои може да ви помогнат.
Се што ви треба е 50 милилитри кокосово масло и 3 лажици сок од лимон.
Исцедете го лимонот и додадете го кокосовото масло, измешајте добро и нанесете на коренот од косата. Оставете да дејствува еден саат а потоа измијте ја косата.
На овој начин ќе ја намалите видливоста на белите влакна, а воедно и ќе ја зајакнете косата.
Кокосовото масло е едно од најдобрите масла кое делува антибактериски и антиканцерогено, а лимонот е богат со виамин Ц и делува како антиоксидант.