Замислете дека можете самостојно да одлучувате за својата плата и дека таа плата целосно ќе ја отсликува тежината на работните задачи за кои сте платени. Една британска компанија им го овозможи токму тоа на своите вработени, а резултатите ќе ве изненадат!
GrantTree е компанија која им помага на бизнисите во Велика Британија да добијат владино финансирање, а на своите вработени им овозможува самостојно да одлучуваат за платите.
Самопоставувањето на платата е најнова иновација кај компаниите кои се натпреваруваат за врвните таленти и сакаат да покажат дека не нудат само најатрактивни услови за вработување, туку и најправедни.
Процесот на одлучување се разликува од компанија до компанија.
Вработените во GrantTree најпрво собираат информации за платите на другите вработени во останатите компании кои работат на слични позиции и на тој начин ја добиваат вредноста која компанијата треба да ја потроши за да ги замени.
Потоа, тие согледуваат колку компанијата може да си дозволи за да ги плати и размислуваат за тоа колку напредувале како поединци од првиот ден кога започнале да работат во компанијата.
Врз основа на тие информации, секој поединечно подготвува предлог за износот на својата плата што потоа го разгледуваат другите колеги.
Колегите не велат да или не туку само поставуваат прашања кои ќе ви дадат повратна информација.
После таа информација, вработениот одлучува за износот.
Искуството на GrantTree покажува дека вработените сакаат транспарентност во процесот на одлучување за платите, а за возврат даваат правични и рационални очекувања за својата плата.
Доказ за тоа е и примерот кога две вработени во компанијата самостојно одлучиле да ја намалат својата плата бидејќи нивните обврски се намалиле.
По се изгледа дека конечно се ближи крајот на класичниот начин на преговарање за плата кога едната страна (вработениот) се обидува да извлече колку што може повеќе, а другата страна (работодавачот) да даде што е можно помалку.