Во далечната 1992 година, КОЛА започна како мала фамилијарна компанија со визија да прерасне во една од најдобрите дистрибутерски компании во регионот. Дваесет и седум години подоцна, благодарение на своите континуирани вложувања во вработените, професионализацијата на сите процеси и воведувањето на најсовремени стандарди, КОЛА се трансформира во компанија која ги поместува границите на регионалниот пазар. Дел од успехот несомнено се темели на максимално посветената и професионална работа на големиот број вработени, а еден од нив е и Зоран Богдановски кој е дел од компанијата веќе 5 години. Прочитајте за неговото искуство во КОЛА и дознајте зошто оваа компанија е вистински избор за сите кои сакаат да градат кариера во светот на дистрибуцијата.
Зоран Богдановски е возач – дистрибутер во КОЛА веќе 5 години. Како резултат на своето долгогодишно искуство во дистрибуција уште пред да аплицира за работа бил запознаен со условите кои ги нуди компанија, а конечната одлука да стане дел од тимот ја донел кога неговиот тогашен претпоставен преминал во КОЛА.
Беше познато дека КОЛА во дотогашните 22 години од своето постоење секогаш била посветена на вработените, исполнување на нивните законски права и обезбедување на услови за учење и напредок, вели Зоран за редакцијата на Vrabotuvanje.com.
Неговите очекувања биле да стане дел од стабилна и организирана компанија која го почитува работното време на своите вработени, и секако, исплаќа навремени примања
- Очекувањата се потполно остварени во поглед на организираност и навремени примања, а работата како дистрибутер, сама по себе, подразбира извесна флексибилност во поглед на работното време. Се случува да се остане прекувремено на работа, но како што напоменав и претходно, тоа е природата на самата работа, смета тој.
Најдобриот дел од работата е во тоа што самостојно го организира работниот ден без никаков притисок од своите претпоставени
- Мојот работен ден се состои од дистрибуирање на стока за широка потрошувачка по претходно утврден план и редослед. Прекрасно е чувството да сте дел од систем каде заедно со претпоставените од секторот за логистика ги договарате испораките, а притоа имате целосна слободна да го организирате својот работен ден, вели Зоран.
КОЛА е многу повеќе од работно место. Освен за работа, таму сте да учите, напредувате и да се чувствувате ценети
- Во КОЛА научив што значи да се биде праведен. Научив дека доколку го барате тоа што ви следува и имате соодветен соговорник од другата страна, вработениот е секогаш на прво место. И, секако, научив што е чесност, заклучува Зоран.
Зошто е добро да се работи во КОЛА?
- Она што мене лично најмногу ми се допаѓа е тоа што сите празници се неработни, компанијата целосно го почитува правото на годишен одмор, имаме редовна плата според заслуга и секоја втора сабота е неработна, смета Зоран.
Доколку сакате да станете дел од КОЛА, Зоран порачува:
- Аплицирајте и не се плашете од самата работа бидејќи кога се сака сè се може и не постојат никакви тешкотии – со вистински тим секоја работа е лесна!