Британскиот магазин за автомобилизам WhatCar? спроведе истражување чија главан цел беше да ги пронајдат автомобилите со најмалку дефекти. Автомобилите на првите десет места предизвикаа неверување бидејќи ниту еден не доаѓа од германски производител.
Според истражувањето кое е спроведено на 18 илјади автомобили најмалку дефекти имаат автомобилите на Lexus додека на втората позиција се најде Toyota со скор од 97.7%. За 0.4% помал скор и доволен за третата позиција се најде уште еден јапонски производител – Suzuki.
Неочекувано, на четвртата позиција се најде американскиот производител Tesla со висок скор од 96.6%. Најдобрат петорка ја сочинува уште Subaru, уште еден јапонски производител.
Од шесттата до десеттата позиција се наоѓаат уште и Kia, Hyundai, Mini, Skoda и Honda.
Германските производители се генерално слабо рангирани. Audi се наоѓа на 20. позиција, BMW на 21. додека Mercedes на 24. позиција.