Од први октомври Македонците ќе можат да одат во Санкт Петербург со електронска виза, соопштија од руската амбасада во Македонија.
На твитер-профилот на амбасадата стои дека отсега ќе биде потребно само да се аплицира онлајн најмалку 4 дена пред патувањето и дека нема потреба да се оди во амбасадата. Исто така, целата процедура е бесплатна.
Така, кога ќе патувате, ќе биде потребно да пополните апликација, да добиете електронска виза, да ја испечатите или да ја преземете на мобилниот и на крајот да им го покажете известувањето на вработените во транспортната компанија и на службениците од граничните служби.
Повеќе детали може да прочитате на овој линк.