
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, и температури до 30 степени.
Следните деови под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Ова е временската за цел месец:
Според Accuweather, може да се види дека веќе од следните денови доаѓа влажен бран, а невреме ќе има и до крајот на месецот.