Странските државјани кои одат да работат во Србија обично имаат средно образование, а најголем број на работни дозволи биле издадени на државјани на Рисуја и Кина, а потоа следат Турците, Украинците, Италијанците и граѓаните на земјите од соседството.
За разлика од 2018 година кога биле издадени вкупно 8.990 дозволи за работа на странски државјани, Националната служба за вработување заклучно со месец септември регистрирала издавање на 8.914 такви дозволи.
Две третини од странците, 5.784, успеале да се вработат во Белград, а останатите се во Нови Сад, Бор, Ниш, Сремска Митровица, Панчево, Суботица, Краљево, Чачак, Лесковац, Нови Пазар и другите градови, пишува Политика.
Од Националната служба за вработување посочуваат дека е невозможно да се утврди точната бројка на странски работници кои работат во главниот град бидејќи работодавците поднесуваат барање за работна дозвола во својот матичен град, дури и кога странскиот работник треба да работи во некое нивно претставништво во друг град.