Дека КОЛА е одлично место за работа каде се почитува слободата и флексибилноста на вработените се уверивме од нашиот претходен разговор со Зоран Богдановски кој е дел од компанијата веќе пет години. Денес, имавме чест да разговараме со Васко Златески кој од магационер подоцна станува супервизор на магацин.
Во компанијата сте веќе 5 години. Ако се навратиме наназад, кој беше главниот мотив за да се пријавите на огласот и како дознавте за можноста за вработување во КОЛА?
- Кола не е мала фирма за да не се слушне за неа. Тоа што беше и што се уште е компанија во подем ме привлече да аплицирам за работа. Слушнав дека е една од подобрите компании кои се занимаваат со увоз и дистрибуција, фирма која опстојува над 20 години.
Гледајќи од денешна перспектива, кои беа вашите очекувања од компанијата тогаш и дали истите се остварени денес?
- Очекував само да си ги исполнувам работните обврски, но за краток временски период сфатив дека имам потенцијал да напредувам и тоа се случи.
Кажете ни како изгледа вашиот работен ден и кој е најдобриот дел од вашата работа?
- Најдоброто од се е што сам си ја организирам работата. Со оглед на тоа дека располагаме со голем број на вработени и голем обем на работа, дневно се соочувам со предизвици од секаков вид. Добрата страна кај нас е тоа што на секој вработен му излегуваме во пресрет, дури и кога се работи за некој приватен проблем.
Кои се трите најважни работи кои ги научивте во компанијата во изминатите 5 години?
- Да бидам тимски работник, да бидам лојален и продуктивен.
Што е тоа што најмногу ви се допаѓа во КОЛА како вработен?
- Можноста за учење на нови работи, обуките кои се одржуваат во текот на целата година и тоа што самата фирма инвестира во вработениот.
Што би им порачале на потенцијалните кандидати кои се заинтересирани да станат дел од вашата компанија?
- Бидете и вие член на семејството КОЛА, нема да згрешите.