Ако редовно купувате во супермаркетите, веројатно илјадници пати досега сте ја користеле количката за пазарење без да забележите еден интересен, едноставен и практичен дел од нејзината конструкција.
Во делот на количката што е поблиску до купувачот, се наоѓа една кука која не е само обичен дел од конструкцијата. Куката може да биде практична за да закачите дополнителни работи на неа, како производи кои се покршливи и не сакате да ги мешате со останатите, за да ја закачите ќесата од пазарењето во претходната продавница, или пак за да ја закачите облеката што не ја носите на себе.
Исто така може да биде практичка ако имате премногу работи во количката, па ви треба дополнителен простор за закачување на кесите.
Некои од количките имаат и дополнителни вакви куки кои ја имаат истата функција, а практични се за полесено да ги извадите работите од неа и лесно да ги префрлите во багажникот на автомобилот.