Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнало со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица.
Месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.
Право на социјална пензија имаат сите лица кои се државјани на Република Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите граѓани и граѓанки коишто ги исполнуваат условите предвидени со законската регулатива да поднесат барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!