Кога купувате автомобил, бојата обично е еден од последните фактори што ги земате предвид. Повеќето луѓе ќе се задоволат со која било боја, сѐ додека автомобилот ги има перформансите и цената која им одговара. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека одредени бои и нијанси на возилото играат одредени улоги.
На пример, белите автомобили се барани бидејќи помалку се загреваат оставени на сонце, а и полесно се покрива гребнатинка на автомобил во оваа боја.
Најново истражување покажа дека жолтата боја е најбезбедна во сообраќајот, бидејќи возилата во оваа боја најретко се вмешани во сообраќајни незгоди и несреќи.
Причина е едноставна: впечатливоста на жолтата боја придонесува автомобилот да се издвои од масата и да биде полесно забележлив, а со тоа и поштеден од потенцијален удар, а и пешаците и велосипедистите полесно ги воочуваат.
Статистички, жолтите автомобили во најмал процент учествуваат во сообраќајни незгоди и несреќи, во однос на автомобилите во други бои.