Фејсбук синоќа ја претстави апликацијата „Вјупоинтс“ која на корисниците ќе им плаќа за учество во анкети, истражувања и за извршување на задачи.
Компанијата има намера да користи фидбек од корисниците за да ги подобри своите производи како Фејсбук, Инстаграм, Ватсап, Портал и Окулус.
Корисниците ќе заработуваат со добивање поени за учество во истражувањата. Неопходен број на собрани поени ќе можат да бидат разменети за пари преку платниот систем „Пејпал“.
Засега сервисот може да се користи само во САД и од лица постари од 18 години, а планирано е да биде пуштен во други земји идната година. За учество во анкетите потребно е да се има профил на Фејсбук, да се внесе име и презиме, електронска адреса, земја на живеење, пол и дата на раѓање.
Од Фејсбук укажуваат дека информациите за корисниците нема да се објавуваат, предаваат или продаваат на трети лица и компании.