Германскиот производител на автомобили “Ауди“ најави дека до 2025 година планира да укине 9.500 работни места, од кои дури 7.500 во матичната земја – се со цел да ги намали трошоците и да ги реорганизира операциите за премин кон производство на електрични возила.
Менаџментот на компанијата посочува дека ќе паралелно ќе бидат создадени 2.000 нови работни места во доменот на електрична мобилност и дигитализација, а намалувањето на работните места нема да предизвика отпуштања од работа, туку ќе предизвика “демографска крива преку обнова на персоналот и нова, привлечна програма за предвремено пензионирање“, стои во соопштението на Ауди.
Инаку, автомобилскиот гигант издаде и гаранција за вработување на работниците која денес ќе биде продолжена до 2029 година.
Менаџментот и работничкиот совет долго време преговараа за „договор за иднината“ за компанијата, која има проблеми од 2015 година по измамата со лажните податоци за издувните гасови од дизел-моторите.
Со новата сподогба, целта е да се направи оптимизирање на производните капацитети во погоните во Инглштат и Некарсулм каде се очекува годишно да се произведуваат околу 675 илјади автомобили.
Ауди очекува договорот да им заштеди шест милијарди евра.