Во текот на изминатиoт ден (15.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 87 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 16 возачи, бидејќи осуммина го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица биле возачи почетници. 21 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани, шест технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и 33 кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози, додека, исто така, 68 возила се подигнати со "Пајак".
Внимавајте Полицијата казнува !Вчера санкционирани 50 пешаци!
Актуелно
-
Добредојдовте Генерација Бета: Наследнци на Генерација Алфа и Генерација Z
Генерација Бета е наследник на Генерација Алфа (оние родени помеѓу 2010-2024), која доаѓа после Генерација Z (1996-2010) и милениумците (1981-1996).
-
Како ќе сообраќаат автобусите од сабота до вторник - Ова е распоредот на ЈСП
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот.
-
Најскапи и најевтини градови за живот во светот во 2024 година – Каде е Скопје?
Создадена е листа на најскапи и најевтини градови за живот во светот за 2024 госина и тоа според трошоците за живот кои ги пресмета Numbeo.com.
-
За овие 5 работни места сте супер платени во Германија: Заработката се движи до 7.000 евра
Германија отсекогаш била меѓу првите избори на луѓе кои го напуштаат Балканот во потрага по работа. Тоа најдобро го илустрира фактот што многу наши луѓе живеат и работат во германските градови, а претпоставуваме дека ќе ги има уште повеќе, бидејќи оваа земја ги олесни правилата за престој во неа.
-
Airbnb ќе го промени начинот на кој патуваме во 2025 година
обалната платформа за изнајмување туристичко сместување, Airbnb, ја трансформира туристичката индустрија, нудејќи повеќе од обично сместување и притоа станувајќи значаен дел од искуствата на патниците.
-
Грција во 2025 година воведува зголемени туристички такси, за некои хотели ќе биде и 10 евра
Од почетокот на 2025 година, во Грција стапи во сила одлуката за зголемување на туристичките такси, со цел обезбедување средства за подобрување на инфраструктурата и поддршка на одржливиот туризам по серијата природни катастрофи.