Направете ги првите чекори во деловниот свет и пронајдете ја вашата идеална професија преку Atlantic Graduate Trainee програмата на Atlantic Grupa!
Во време во кое мобилноста и флексибилноста стана составен дел од животите на младите луѓе, ние во Atlantic Grupa решивме да понудиме програма која нив ќе им овозможи да запливаат во бизнис водите и самите да го пронајдат своето место во индустријата. Atlantic Graduate Trainee им дава прилика на младите со тукушто завршен факултет и на оние со помалку од една година работно искуство да ги направат првите професионални чекори преку едногодишна развојна програма која ќе им овозможи слобода во размислувањето, изразувањето и мобилноста, така што на крајот ќе успеат самите да ја најдат професијата која најмногу им одговара.
За нас овој процес започнува со планирање на годишните деловни активности на групацијата, кога согласно со работните потреби се дефинира новата генерација на Атлантиковци. Како и секоја компанија во потрага по вистинските луѓе, ги вреднуваме квалификациите и компетентоста, но во Atlantic примарно бараме одлучни и посветени луѓе подготвени да ја преземат одговорноста за нивниот личен развој. Само таквите луѓе ќе ја добијат шансата да бидат лидери во иднина.
Кога ќе бидат одбрани, учесниците на Atlantic Graduate Trainee програмата се претвораат во самостојни професионалци преку поминување на две фази:
- Двомесечен вовед во работата дизајниран така што кандидатите ќе стекнат поширока слика за целокупната работа на групацијата преку проучување на сите клучни процеси и оддели во компанијата
- Откако ќе ги проучат различните процеси на деловно работење, следните 10 месеци ќе бидат посветени на конкретна работа во тим, паралелно водејќи проект од стратешко значење за одделот во кој работат, со поддршка од поискусните колеги. За да им се даде ветар во крилја при професионалниот раст, во оваа фаза тие ќе имаат можност да учествуваат во широк спектар на формални тренинзи и стручна едукација; од тимска работа и управување со проекти до деловни IT алатки и вештина на презентирање на сработеното.
Љубопитноста и ентузијазмот што младите ги покажуваат во нивното истражување ни дава до знаење колку е важно да се најде страст во работата. Свесни за дополнителната енергија која е потребна да се вложи во тоа, го почитуваме нивниот креативен напор и ги сметаме како полноправни членови на нашиот колектив во текот на целата програма, со сите придобивки кои им следуваат со работењето за Atlantic Grupa и имаат подеднакво важен глас во одлуките кои ги носи компанијата. Најважната одлука, онаа која лично нив најмногу ќе им значи, следува по 12 месеци, кога двете страни (компанијата и кандидатот) ќе имаме можност да одлучат дали се една за друга и потенцијално да склучиме договор за постојана соработка, на обострано задоволство.
Atlantic Graduate Trainee програмата како пилот проект се појави во 2014 година, а по успешната прва генерација на кандидати, секоја година се унапредува заедно со самите учесници. Нивното непосредно искуство и свежата перспектива во комбинација со експертското знаење на вработените во одделот за Човечки ресурси, ни овозможува да и’ оставиме на секоја следна генерација се’ подобра и поприлагодена програма.
Аплицирајте и станете дел од Atlantic Graduate Trainee програмата на Atlantic Grupa:
Graduate Trainee in Brand Operations Management
Graduate Trainee in - Procurement - Distribution Unit / Skopje, Macedonia
Graduate Trainee in Quality Control – Strategic Business Unit Coffee / Skopje