Кога станува збор за објавување на слободни работни места, според членот 23 од Законот за работни односи, кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас истиот е должен во јавниот оглас да наведе:
- назив на работното место
- условите што се бараат за вршење на работата
- почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време
- распоредот на работното време
- паричен износ на основната нето плата или паричен износ од најнизок до највисок износ на нето платата за работното место за кое се бара работник
- рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од 5 работни дена
- рокот во кој ќе се изврши избор
- точни податоци за работодавачот (назив, седиште, телефон, лице за контакт и адреса за доставување на апликациите)
За времетраењето на јавниот оглас работодавачот не може да објавува нов оглас за истото работно место.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидат за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавувањето.
Јавниот оглас завршува со избор, неизбор или со истекот на некој од горенаведените рокови.