Директорката на најголемата онлајн обложувалница во светот Bet365, Дениз Коутс, во 2019 година заработила вртоглава сума од 320 милиони фунти
Платата на Коутс како главен извршен директор на Bet365 во 2019 пораснала на 276.6 милиони фунти во период од 53 седмици откако истата изнесувала 220 милиони фунти една година претходно.
Акционерите на компанијата минатата година добиле 92.5 милиони фунти, од кои половина и припаднале на Коутс бидејќи таа е сопсвеник на околу 50 отсто од капиталот во Bet365.
Инаку, Bet365 е во заедничка сопственост на Дениз и членовите на нејзиното семејство – братот Џон кој со неа ги дели функциите на генерален директор и таткото Питер кој претседава со компанијата.
Во октомври, магазинот Форбс го процени нејзиното богатство на 12.2 милијарди долари.