Едукативниот центар Ст. Џорџ официјално стана носител на мастер франшизата за “Училиште за брзо читање и мудро учење“
Училиштето за брзо читање и мудро учење е наменето за деца на училишна возраст, но и за возрасни, кои сакаат со помалку досада, напор и потрошено време да постигнат подобри резултати на училиште, факултет и работа.
Мирослав Самарџиќ, ко-основач на школата, вели дека потпишувањето на договорот за мастер франшиза за пазарот во Македонија е логичен след на настаните и со тоа практично се заокружува пенетрацијата на проектот во регионот.
“Оваа година беше многу успешна за нас. Потпишавме договори и за пазарите во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а паралелно развивме и мрежа во Србија. Со потпишување на овој договор, ние ги исполнивме нашите цели“, вели Самарџиќ, додавајќи дека по само неколку кампањи во Македонија се појавиле голем број на кандидати заинтересирани за франшизна соработка.
Бев пријатно изненаден кога станува збор за интересот, но и за предзнаењето за франшизинг на оние кои се пријавија. Во областа на образованието, веќе постои развиена франшизна мрежа, така што луѓето знаат што претставува франшизната соработка и тоа е добар предуслов за натамошно проширување на мрежата, потенцира Самарџиќ.
Цанка Велкова, директорка на едукативниот центар за франшизно работење на компанијата Ст. Џорџ, која стана добитник на мастер франшизата за пазарот на Македонија, вели дека нивното внимание најмногу го привлекла програмата на “Училиштето за брзо читање и мудро учење“.
Ние веќе се занимаваме со едукација, имаме свое училиште за англиски јазик во Кавадарци, а исто така дистрибуираме учебници од издавачката куќа Pearson за повеќе од 300 традиционални училишта и школи за странски јазици. Значи, оваа област ни е многу позната, како и самиот франшизинг, бидејќи работев како менаџерка во еден меѓународен франшизен систем. Самиот програм на “Училиштето за брзо читање и мудро учење“ многу ни се допадна и сметам дека такви обуки им се потребни на нашите деца, вели таа.
Во Македонија, според нејзините сознанија, тие немаат конкуренција во оваа област.
“Колку што јас знам, во нашата земја не постои таков добро организиран систем. Можно е некои поединци да користат слични техники во нивните предавања, меѓутоа не располагаат со ваква јасно дефинирана и детална програма“, вели Цанка Велкова, која најавува дека веднаш ќе започне со промоирање на “Училиштето“ барајќи индивидуални партнери за франшизна соработка.