Управата за јавни приходи на 30 јануари 2020 година по пат на јавна аукција и слободна комерцијална продажба ќе понуди недвижнини, возила и различни предмети запленети по основ на неплатен данок и други давачки.
На аукцијата ќе бидат понудени ниви, пасишта, лозја, автомобили, скутери, товарни возила, машини и многу други предмети.
Така на пример, на аукцијата може да се забележи Aprilia скутер за почетна вредност од 30.000 денари, автомобили Renault Clio и Ford Focus за 86.100 денари и пасишта, ниви и лозја во вредност од 78.746 до 1.193.871 денар.
Целата листа на предмети кои се нудат на аукција може да ја погледнете тука.
На електронската аукција може да учествуваат само оние лица кои успешно ќе се регистрираат и ќе уплатат депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните / недвижните ствари најдоцна до 23.01.2020 година.