Сите амбициозни, комуникативни кандидати со желба за работа, кои имаат познавање од германскиот јазик се добредојдени во нашиот тим. Ги охрабруваме да ни се приклучат и оние кои немаат претходно работно искуство!
Kaiser Marketing е компанија чија мисија е континуирано обезбедување поддршка на растот и успехот клиентите, преку исклучително лидерство во компанијата и врвна грижа за корисниците.
Во Kaiser Marketing се работи тимски, се споделуваат заеднички вредности, компанијата охрабрува професионален раст и развој на своите вработени, поддржувајќи ги во секој аспект од нивниот кариерен и личен развој.
Направивме кратко интервју со менаџментот на компанијата и сакавме да дознаеме повеќе за тоа како да станете дел од нивниот тим.
Кажете ни нешто повеќе за компанијата:
Компанијата Kaiser Marketing нуди маркетинг услуги на германскиот пазар. Постоиме од април 2019 година и за помалку од една година создадовме тим од 41 вработен, на кој сме исклучително горди. Имаме претставништво и во Тетово и посветено работиме на растот на двете компании.
Голем предизвик е да се развиваш на повеќе локации, а притоа да работиш со дефицитарен кадар, но со вистинскиот тим покрај себе, таа борба е многу полесна, а резултатите се многу поголемо признание и задоволство.
Каков треба да биде идеалниот кандидат за работа во Kaiser Marketing?
Вработуваме агенти со познавање на германскиот јазик, бидејќи целата комуникација со клиентите се одвива на истиот. Затоа, како прв неопходен предуслов ќе го наведеме германскиот јазик.
Но, исто толку важно ни е и кандидатот да се вклопи во тимот, за што има целосна поддршка од постоечките вработени и менаџментот. Негуваме деловна култура и важни ни се добрите меѓучовечки односи во компанијата, сметаме дека синергијата во тимот е пресудна за успех и напредок.
Комуникациските способности се исто така важна квалификација, затоа што мисијата на нашата компанија е да обезбедиме врвна услуга и задоволство на нашите клиенти. А нашите агенти се лицето на нашата компанија. Тие се тие кои се директна врска со клиентот.
Деловноста, точноста, почитувањето на работното време се исто така важни за да можеме да ја одржиме професионалноста и квалитетот на нашите услуги на посакуваното ниво.
Што им нудите на вашите вработени?
На нашите агенти, им нудиме фиксна плата од 500 евра плус бонуси, неограничена можност за заработка која зависи од нивната мотивираност и амбиции. Компанијата ги исполнува сите законски обврски кон вработените, истите имаат право на зимски и летен одмор во траење од по две недели.
Работиме од понеделник до петок, викендите за целата компанија се неработни.
Како вработените се снаоѓаат на германскиот пазар, дали им требаше период на адаптација на почетокот?
Одлично се снаоѓаат , не им е потребно многу време за адаптација ако го познаваат германскиот јазик. Доброто владеење на јазикот во комбинација со добрите комуникациски способности, се формулата за успех во оваа работа.
Која е вашата порака до оние кои сакаат да се приклучат на тимот на Kaiser Marketing?
Сите амбициозни, комуникативни кандидати со желба за работа, кои имаат познавање од германскиот јазик се добредојдени во нашиот тим. Ги охрабруваме да ни се приклучат и оние кои немаат претходно работно искуство, секако, со исклучок на горенаведените услови (познавање на германски јазик, комуникациски вештини итн.)
Имаме тим од професионалци кој ќе застане зад вас, спремен е да ве обучи и да ви го пренесе своето знаење.