Сигурно многумина од искуство знаат дека кога ќе им светне сијаличката за недостаток на гориво, подобро е што побрзо да возат на бензинска пумпа отколку да ризикуваат да останат без гориво на улица. Некои возила имаат помала резерва, некои поголема, но најмногу зависи од начинот на возење, конфигурацијата на теренот.
Екипата на сајтот „Compare The Market“ тестирала 96 модели од 26 различни произведувачи за да утврди кои автомобили имаат најголема автономија на познатата „резерва“ и на основа на тоа направиле просек за секој производител.
Врз основа на овие податоци направиле конечна листа на пет најдобри и најлоши брендови кога е во прашање автономијата на „резерва“ и кај секого издвоиле и одреден модел кој посебно се истакнува.
Сега ви ги претставуваме оние брендови што имаа најлоши резултати. Ако возите некој од нив – немојте да оставате долго да ви свети сијаличката. Подобро наполнете побрзо гориво. Во спротивно ќе морате да повикате шлеп служба.
KIA – Овие автомобили не се премногу доверливи кога е во прашање автономијата во Јужна кореја, барем не во редовите на оној „помалиот“ претставник на авто-индустријата на оваа земја. KIA има просечна автономија од 74,1 километри, а нискиот просек во многу го „должи“ на моделот Picanto кој може да прејде само 51,7 километри на резерва.
Mitsubishi – Уште повеќе ќе се разочарате со резервата ако сте сопственик на овој јапонски бренд. Овие модели во просек имаат домет од 71,6 километри.
Porsche – Ако сте зад воланот на 911 лесно ќе бидете најбрзи на патот, но ако ви се вклучи сијаличката брзо побарајте ја најблиската бензинска пумпа. Просекот на овој бренд е 70,2 километри.
FIAT – Со оглед на тоа што главно го купува работничната класа, ако таа постои и понатаму, од италијанскиот гигант се очекуваше да биде подоверлив во овој сегмент. Меѓутоа автомобилите на Fiat во просек имаат автономија од само 66,7 километри на резерва на гориво. Тој просек кон долу посебно го „влече“ популарниот градски модел 500, кој има домет од само 59,7 километри.
MINI – Ако сте послаби со нервите, а често ви се вклучува сијаличката, последниот автомобил кој сакате да го имате е MINI. Популарниот англискио производител ви овозможува да возите само 60,38 километри на „резерва“.