Vrabotuvanje.com како општествено одговорна компанија со над 40 вработени презеде дополнителни мерки за заштита на здравјето на вработените и заштита на општото здравје!
Водејќи се од потребата за преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на вирусот COVID 19 (коронавирус) и согласно со заклучоците, мерките и препораките на владата, Vrabotuvanje.com донесе одлука да им овозможи на сите свои вработени работните обврски да ги извршуваат од својот дом.
Со одлуката се опфатени сите вработени во компанијата и истата ќе важи се додека траат мерките и активностите за превенција и ширење на коронавирусот COVID 19.
Воедно, би сакале да ги информираме сите клиенти и работобаратели дека канцеларијата на Vrabotuvanje.com ќе работи со скратено работно време и ќе прима странки од 10:00 од 14:00 часот.
На сите работобаратели им порачуваме да го искористат времето дома за да ја освежат својата кратка биографија, да стекнат некоја нова вештина преку онлајн курс или предавање и да бидат истрајни во потрагата по подобра работа!
Со почит,
Vrabotuvanje.com