„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“