Заштитата од коронавирусот останува приоритет број еден и во нашата земја, а тоа го потенцираат и од „Ми-Да Гранд Моторс“, македонскиот увозник и овластен сервисер за програмата на Ford и Hyundai.
Во рамките на мерките кои се преземаат за заштита на вработените и клиентите, „Ми-Да Гранд Моторс“ ги потенцира процедурите кои се употребуваат за корисниците на услугите на компанијата, при што главната цел е потребата од посета на овластениот сервис да неутрализира било каков ризик во однос на заразниот вирус.
Во продолжение ви го пренесуваме и целосното соопштение на „Ми-Да Гранд Моторс“:
Со оглед на новата ситуација со вирусот COVID-19 и нашата грижа за здравјето, сакаме да ве известиме околу дезинфекциските и хигиенски процедури кои се воведени во нашиот механички и лимарски сервис. Секое возило при прием се дезинфицира и се користат заштитни материјали при неговото маневрирање.
При посетата на нашиот објект неопходна е дезинфекција на самиот влез, а потоа комуникацијата се одвива безконтактно на означена далечина. Нашите вработени се опремени со заштитна опрема како би го заштитиле своето и здравјето на клиентите.
Би сакале да ви порачаме да бидете безбедни и доколку ви се потребни нашите услуги да ги контактирате нашите сервисни специјалисти телефонски (02/3073-103) или он-лајн преку следните линкови за FORD или HYUNDAI.